За изведување на драматизација со сенки најпрво треба да се изработат ликовите.
Се изработуваат од картон на кој се црта ликот (крои) се режи и поставува на
држач.
Потоа се подготвува просторот и сцената.
Просторијата треба да биде затемнета.
Потребно е платно–потенко, во посветла боја и сијалица со силна светлост.
Ликовите ги поставуваме зад платното, пуштаме силна светлост и ја добиваме
потребната сенка.
Ликовите се придвижуваат а истовремено се кажува и текстот
Раскажувачот ги дава потребните објаснувања заедно со придружната музика